четврток , 29 јуни 2017
sin kit

(ВИДЕО) Дали видео играта „Син кит“ која предизвика 130 самоубиства во Русија е пристигната и во Македонија?

Во 2016 нашата ќерка почна да црта китови и пеперутки по ѕидовите…

Нашиот син се фрли од 12-иот кат…

Ѕвонев на телефон. Велам ало ќерко, но оттаму ми одговара студен глас – овде Брзата помош, вашата ќерка е мртва…

Вашиот син извршил самоубиство?

Тој скокна, се скрши целиот… но, сметаме дека од нешто бил испровоциран.

По тоа што се случи со вашата ќерка, решивте и вие да ја играте играта. Но, таму не стануваше збор за никакво самоубиство?

Таму пишуваше дека сите ќе умреме… требаше да цртаме кит по рацете, како и да гледаме некои видеа…

Име кое лесно би можело да биде име на цртан филм, песна, или стрип. Но Синиот кит е се’ освен пријател на децата. Филип Будејкин, 21-годишен жител на  Санкт Петербург, ја создал играта со само една цел-оние кои тој ги нарекува слабаци и биолошки отпад, да си го одземат животот и да им го остават општеството на посилните. Откако го создал чудовиштето со убаво име, го пуштил онаму каде најдолго може да преживее – интернет просторот и мобилните апликации, Во продолжение погледнете ја емисијата 360 степени на што се емитува на Алсат М телевизија, која ја обработуваше играта Син кит која предизвика самоубиства кај малолетната популација…

Играта поради која во Русија над 130 млади извршиле самоубиство, на Балканот пристигна преку  мобилните телефони во Хрватска. Новинарката Мартина Паучек Шљивак  истражувајќи ја темата,  за 360 степени од прва рака ни ги пренесе тамошните искуства  со  фаталниот Син кит.

„ Дознав за играта откако ни се јавија загрижени читатели чии што деца добиле пораки преку Whatsapp, и тоа деца од 7-8 години. Пораките не биле да се вклучат во играта, туку биле предупредувачки – за што се работи во неа, дека поради неа се убиле 130 деца, всушност пораки со кои се настојува децата да се заплашат. Потоа им се даваат упатства на кој начин да се вклучат во играта, кои наредби се издаваат – една од нив е дека детето мора да се разбуди во 4 часот наутро, една дека мора да гледа хорор, една пак дека мора да си вреже облик на кит на рацете и сето тоа да го фотографира и испрати… и последниот предизвик е детето да изврши самоубиство. Дознав откако тие предупредувачки пораки им стигнале на децата, и почнав да истражувам дали нашите власти презеле нешто по тоа прашање, но за жал ништо. “, вели таа.

Стравот засега ги чува од трагедии тинејџерите Хрвати, но и оние во Босна и Херцеговина. Сепак, Србија пред неколку дена можеби за малку ќе ја добиеше првата жртва на Синиот Кит. 13-годишник од Велика Плана си нанел повреди на рацете обидувајќи се да вреже цртеж на кит. Од незамислив епилог , во последен час, го спасиле неговите  родители. Во борбата против играта се вклучило  и српското МВР.

Играта за истребување пристигна пред вратите на Македонија. Како да се заштитиме од Синиот кит, но и од другите слични игри со насилничка содржина? Од Агенцијата за електронски комуникации напоменуваат дека клучна улога можат да одиграат едукацијата и сознанијата во врска самите мобилни апликации, но и навременото забележување на сомнителните содржини. Напоменуваат и дека треба да се комуницира навремено и со самите социјални мрежи.

Прочитајте повеќе на 360 Степени.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …