недела , 22 октомври 2017
132777701

ВИДЕО: Двајца ТВ новинари застрелани додека во живо правеле интервју

132777701Двајца телевизиски новинари беа застрелани во американската сојузна држава Вирџинија, додека во живо правеле интервју, јави телевизијата за која работеле WDBJ7.

На сајтот на медиумот за кој работеле новинарите, се појаснува дека нападот се случил во 6:45 часот изутрината по локално време.

Жртвите се репортерката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27). Двајцата биле застрелани додека правеле интервју во трговскиот центар Бриџвотер плаза во градот Монета во округот Бедфорд.

Додека тие ја вршеле својата работа се слушнале истрели. Камерата го снимила тој момент. На снимката се слушаат врисоците на новинарите и се гледа како тие се наведуваат, за да се скријат, а потоа камера паѓа на земја и снимени се нозете на напаѓачот.

Регионот на инцидентот е блокиран. Засега не се соопштени повеќе детали за убиството.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …