среда , 28 јуни 2017
eriksen

(ВИДЕО) Ериксеновата моќна „десница“ му пресуди на Кристал Палас

Екипата на Тотенхем оствари важна победа на гостувањето кај Кристал Палас во борбата за шампионската титула во Премиер лигата и ја намали разликата во однос на лидерот Челзи на четири бодови. Тотенхем победи со 1:0, а стрелец на голот беше Кристијан Ериксен во 78 минута.
Синоќа минимални победи од 1:0 постигнаа и Арсенал против првакот Лестер и Мидлсброу против Сандерленд. Трите натпревари беа од 28.коло, кои беа одложени поради дуелите во ФА купот.
Вечерва се игра уште еден одложен натпревар од 26.коло дуелот меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Табела: Челзи 78 бодови (33 натпревари), Тотенхем 74 (33), Ливерпул 66 (34), Манчестер Сити 64 (32), Манчестер Јунајтед 63 (32), Арсенал 60 (32), Евертон 58 (34)

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …