среда , 18 октомври 2017
georgievski041017

(Видео) Георгиевски: Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа ,општина за сите

Почитувани сограѓани, општина Гази Баба беше целосно игнорирана и маргинализирана од властите во изминатите 12 години.

Беше пример за руинирана, уназадена и не просперитетна општина.

Ние имаме план и знаење се ова да го промениме.

Квалитетот на живот и благосостојбата на граѓаните се нашата клучна цел за чија реализација напорно и одговорно ќе работиме.

Идната локална власт директно ќе ги поддржува домашните фирми, но ќе обезбедиме и еднакви услови за странските инвеститори. 

Континуирано ќе вложуваме во развој на младите кадри, во отворање на нови бизнис хабови, ќе работиме на здружување и соработка на бизнисите, општината и граѓаните со цел отворање на нови добро платени работни места.

Веруваме дека тоа е единствениот пат кон модерна и успешна општина.

Ќе создадеме општина која ќе биде отворен сервис за секого и преку квалитетно менаџирање парите директно ќе ги враќаме кај граѓаните.

Почитувани, компаниите и бизнис заедницата ќе бидат нашиот партнер во дефинирање на клучните бизнис приоритети. Со редовни бизнис форуми планираме заеднички да го проектираме и следиме локалниот економски развој.

Локалниот развој е основата за економски напредок на една општествена средина.

Јас и мојот тим веруваме дека активностите на секој се важни, тимската работа неопходна, а посветеноста и одговорноста ги носат парите директно кај граѓаните.

Граѓаните на Гази Баба тоа го заслужуваат, а ќе овозможите услови младите иднината да ја гледа во својата општина.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.