недела , 22 октомври 2017
геро

(ВИДЕО) Геровски доби шамар со национални бои од Палевски

Пред Кафето Манда денеска се појави новинарот Бранко Геровски и Љупчо Палевски. Палевски го потури со боја Геровски, но потоа се повлече и одби да остане и да се соочи вербално со него.

-Простете што ви се обраќам заеднички, но читам дека и едните и другите интензивно ја коментирате мојата одлука утре во 12 часот да се појавам пред „Манда“, каде што лицето Љупчо Палевски ме повика на физичка пресметка. Тоа што тој тоа го нарекува „провокација“ од моја страна и слично, тоа може на други прикаски да раскажува, евентуално утре на суд, ако работата дојде до таму – еве, на фотографијата што ја постирам, можете и самите да видите дека станува збор за класична закана од негова страна (шамар, селфи).

Го ценам тоа што повеќето од вас ме одвраќаат од мојата намера да се појавам на закажаниот „дуел“ (како и да го замислил Палевски), но јас нема да ја сменам својата одлука и сакам пријателски и човечки да ви објаснам зошто, пишуваше вчера Геровски на Фејсбук.

 

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …