вторник , 26 септември 2017
fani-karanfilova-panovska

(ВИДЕО) Јавен повик: Железница да престане да профитира од маката на бегалците

fani-karanfilova-panovskaНа секој бегалец, па дури и на деца од 3 или 4 – годишна возраст, Македонски железници им наплаќаат билет од 25 евра, за да стигнат од Гевгелија до Табановце, една од рутите на нивната голгота. Спротивно на законот наплатата се врши во евра, дури и кусурот е во евра, не се издаваат фискални сметки.

Македонски железници АД Транспорт во краток временски период два пати ја зголеми цената на билетот за бегалците кои поминуваат низ Македонија. Цената на секој поединечен билет за овие корисници е 25 евра и таа е за 3,5 пати повисока од редовната цена на билетот кој изнесува околу 7 евра. Редовните попусти за деца, семејства и групи не се применуваат.1 Јавното претпријатие со оваа одлука ги повредува уставно гарантираните права на луѓето кои транзитираат низ Македонија, меѓународната Конвенција за статусот на бегалците на ООН од 1951 и нејзиниот придружен протокол од 1967 за статусот на бегалците, ратификувани по пат на сукцесија во 1994 г. од страна на Собранието на РМ.

Заради ова Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и партнерските организации Легис, Македонско здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ упатија јавен повик до ЈП Македонски железници да престанат со дискриминацијата дискриминаторските практики кон бегалците и мигрантите при користење јавен превоз и до Владата на РМ да обезбеди неопходен надзор на финансиското работење на ЈП Македонски железници.

– Добивме впечаток дека на сметка на страдањето на луѓето кои се таму, а со нивна директна дискриминација, едно од нашите големи јавни претпријатија за жал профитира од оваа голема криза. Затоа денеска се обраќаме до државните институции со 3 конкретни барања:

Бараме бегалците кои транзитираат низ Македонија да не бида дискриминирани и дополнително финансиски оптоварени со екстремно високи цени за користење на услугите на јавниот превоз.

Бараме доколку не е можно целосно ослободување на обврската да ги плаќаат картите, итно намалување на цените на билетите и нивно изедначување со цените на билетите кои што важат за македонските државјани.

И бараме надлежните институции да извршат надзор над финасиското работење на едно од најголемите државни претпријатија ЈП Македонски железници, кое со неоправданото зголемување на цените на јавниот превоз за бегалците, во јавноста ги зголемува сомнежите дека профитира на маката и страдањето на луѓето што поминуваат низ државата, рече Фани Каранфилова Пановска, извршен директор на ФООМ.

ротив одлуката на ЈП Македонски железници застанаа волонтери, активисти, граѓанските организации и медиуми. Народниот правобранител упати препорака за отстранување на нееднаквиот третман и намалување на цената на билетот согласно редовните цени.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …