понеделник , 23 октомври 2017
lazarevski041017

(Видео) Лазаревски: Заради градбите на Коце Трајановски и Груевски во коритото на Вардар, Скопје е загрозено од поплави

Се наоѓаме на местото на злосторството против граѓаните на Скопје, кејот на реката Вардар – некогашно култно место на Скопје.

Злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски и Коце Трајановски потроши десетици милиони евра за “Панорамско тркало”, бетонирани “пиратски” галии, жални врби, водоскоци и што уште не, иако градењето во коритото на реката Вардар е најстрого забрането поради ризикот од поплава. За да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски, Коце Трајановски потроши милиони евра пари на граѓаните за градби во Вардар со кои се нарушува безбедноста на граѓаните и еко системот во реката.

 

Коце Трајановски и Никола Груевски знаеја уште во 2008 година дека пропусноста на коритото на реката Вардар во Скопје е намалена за 10 до 16%. Но, сепак решија да ги градат своите забегани проекти, игнорирајќи ги укажувањата на граѓаните и експертите дека со градбите во коритото на Вардар дополнително се намалува пропустната моќ.

 


Почитувани,

 Наместо да вложува во инфраструктура за заштита од поплави и поројни текови, Трајановски и Груевски ги трошеа нашите пари за Панорамско тркало, карусели, лавови и скапи споменици, милионски огради, галии, жални врби, плажи покрај партискиот музеј и скапи палми кои овенаа како нивната “Преродба”.

 На 15 октомври му ставаме крај на ова злосторничко здружение кое ја загрози безбедноста на граѓаните со ризичните градби во Вардар, оставајќи го Скопје без заштита од поплави. Новата градска администрација ќе изготви нов план за заштита од поплави и ќе ги реализира сите експертски препораки за заштита на коритото на реката Вардар и градот Скопје од поплави и други елементарни непогоди.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …