вторник , 26 септември 2017
damjanIzjava1-685x320

(ВИДЕО) Манчевски: Нема разговори додека не се изберат сите обвинители на Катица Јанева

damjanIzjava1-685x320Во Клубот на пратеници денеска се состануваат претставници на четирите политички партии и преставници на меѓународната заедница да го решат проблемот со кршењето на договорот, кој како што рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски е настанат со одлуката на Советот за јавни обвинители да изберат само половина од предложените обвинители на Катица Јанева.

-Нема да реазговараме за ниту една друга тема, се додека не се реши овој проблем. Бараме Советот на обвинители итно да закаже седница на кој ќе ги изберат останатите обвинители на специјалната јавна обвинителка, рече Манчевски.

На најавите дека Јоханес Хан доаѓа во понеделник, Манчевски негира дека е тоа на барање на опозицијата. Според него меѓународната заедница е загрижена што не се почитува договорот и тоа директно од тие што се под контрола на власта.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …