четврток , 19 октомври 2017
kamionbegalci-540x320

ВИДЕО: Над 70 тела на имигранти се извадени од камионот оставен во Австрија

kamionbegalci-540x320Над 70 тела на имигранти  се извадени од камионот, кој беше пронајден вчера на автопат во источна Австрија, во близина на границата со Унгарија и Словачка, изјави портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи.

Според претходните информации стануваше збор за 20 до 50 тела, а пребројувањето на жртвите е тешко поради распаѓањето на телата.

Камионот-ладилник од 7,5 тони беше пронајден вчера претпладне од полициска патрола покрај австирскиот град Пандорф, на 50 километри југоисточно од Виена.

Товарното возило очигледно било оставено, откако возачот утврдил дека нелегалните патници се мртви. Тој ја оставил отворена задната врата на камионот и од неа истекувала течност од телата кои се распаѓале.

Камионот е однесен во зградата на царината за ветеринарни инспекции, која располага со специјални камери, каде експерти по судска медицина работеа цела ноќ на одвојување на телата и на нивно пребројување.

Засега нема информации за идентитетот на жртвите.

Во меѓувреме весникот „Кроне“ јави дека три лица се уапсени во Унгарија во врска со камионот со мртвите имигранти, но австриското МВР не може да ја потврди оваа информација.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …