среда , 18 октомври 2017
naumovski-701x392-701x392

(ВИДЕО) Наумовски најави манифестација културно лето во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски, одржа прес-конференција на која се осврна на културата во општината и вети реконструкција на училиштето во село Кучково.

„Домот на културата во следните четири години ќе биде дом на сите заинтересирани театарски групи, алтернативни бендови и музички групи и без надомест ќе се отстапува за концерти и претстави. Без надомест ќе се издава за други културни манифестации како изложби на слики, ракотворби, концерти на аматерски играорни друштва и слично
Секоја година планираме да организираме културното лето во Ѓорче Петров, рап и хип-хоп фестивал, алтернативни поп-рок бендови во паркот, настап на колаж од народни песни и изведувачи на народната музика во паркот“, рече Наумовски.

Тој вети дека ќе се реконструира старото училиште во с.Кучково и ќе се адаптира во културно-едукативен центар за летна настава по природа на учениците од општината и од Град Скопје, паралелно со развој на селски туризам во с.Кучково.


„Организирање креативни работилници за изработка на творби, организирање забави со ‘Златно славејче’, ‘Поточиња’, ‘Супер ѕвезда’ и други детски фестивали. Натпревар за изработка на макети и други дисциплини од областа на техника и сообраќај, организирање ликовни изложби, како дел од културно лето.
Организирање хуманитарни акции за деца со здравствени, финансиски и други проблеми под мото „Од децата за децата“.
Затоа на 15 октомври гласајте за живот за сите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, рече Наумовски.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.