недела , 22 октомври 2017
mbape-trening-monako-615x400

(Видео) Навивач на Селтик сакаше да се пресмета со Мбапе

Селтик се соочува со жестока казна од УЕФА поради инцидентот што го предизвика еден навивач на натпреварот со ПСЖ, одигра во вторникот во Лигата на шампионите.

ПСЖ се прошета низ Глазгов, го декласира Селтик со 5:0, но мечот мина во знак на инцидентот кога еден навивач на шкотскиот клуб се обиде физички да се пресмета со Килијан Мбапе.

Пред крајот на првото полувреме навивачот успеа да мине крај обезбедувањето, но не успеа во намерата да го удри најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот.

Редарите потоа реагираа експресно и го отстранија од теренот и од стадионот.

„Разочарувачки и срамно е ова што се случи. Вакви работи не треба да се случуваат на фудбалските стадиони. Не сакаме ова да се повтори“, рекол по мечот менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Инаку, Килијан Мбапе го постигна вториот гол за ПСЖ.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …