сабота , 21 октомври 2017
Screenshot_16-655x320

(ВИДЕО) Николов: Чоколадото на Груевски и Ставрески чини рекордни над 3 милијарди евра

Screenshot_16-655x320Владата се брзаше да протне ребаланс на Буџетот обидувајќи се на тој начин да го избегне спротивставувањето на ставовите со опозицијата за погрешните економски политики и расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Со една реченица, со ребалансот на Буџетот власта го изгласа најголемиот буџет во историјата на Р.Македонија од 3,065 милијарди евра и со тоа само го продолжува понатамошното економското исцрпување на граѓаните и стопанството, го зголемува нивното осиромашување и задолжување.

Еве неколку примери:

Според проекциите на Владата, главниот параметар за економскиот раст на државата, БДП, ќе се намали од 4% на 3,5 %, со голема неизвеснот дали и овој намален раст ќе се оствари.

Од друга страна постојано слушаме како економијата расте, како Македонија е меѓу првите земји во Европа според растот на БДП, како извозот расте, како постојано се отвараат индустриски зони и работни места а БДП се намалува. Тука нема економската логика, односно власта лаже.

Владата тврди дека остварувањето на приходите во Буџетот за оваа година е на повисоко ниво над планираното за 6% или цели 58 милиони евра за првите 6 месеци.

Како тогаш е можно и со овој ребаланс повторно Владата да го зголемува дефицитот на буџетот за нови 27 милиони евра и со тоа да прави нови задолжувања на стопанството и сите граѓани на Р.Македонија.

Дополнително со ребаланост, Владата планира значително да го зголеми задолжувањето на домашниот пазар за неверојатни 454% или 302 милиони евра. Целата јавност беше сведок како при издавањето на последната евробврзница во износ од 500 милиони евра и министрите и Груевски даваа изјави дека со нејзиното издавање ќе се намали задолжувањето на домашниот пазар и ќе остави повеќе пари на банките за кредитирање на стопанството, што се покажа дека не е точно.

Да потсетиме дека само по основ на буџетски дефицити во изминатите 6 години, Владата ги задолжи граѓаните на Р.Македонија и стопанството за неверојатни, нови 2 милијарди евра. Тоа е неуспешна нерационална и долгорочно катастрофална економска политика.

Во Р.Македонија Владата ја промовира наголемо кампањата Македонија вработува и во ребалансот дава податок дека во првиот квартал од 2015 година се вработиле 11.000 лица. По која економска логика тогаш владата ги намалува проекциите за приходи од придонеси за цели 25 милиони евра? Значи невработеноста се очекува да се зголемува?

Во исто време Владата го зголемува и трансферот на средства кон фондот на ПИОМ за нови високи 27 милиони евра.

Ако навистина е успешен проектот Македонија вработува и во првиот квартал се вработиле 11.000 луѓе како тогаш се намалуваат приходите од придонеси и се повеќе се зголемуваат трансферите кон ПИОМ. Веќе седум пензии се исплаќаат од буџетот на Р.македонија а не од приходите на фондот.

Зошто Владата со ребалансот не ја намали ставката за глоби, судски и административни такси од 37 милиони евра? Ако навистина сака да ја промени казнената политика и да ги намали казните како што се фалат во јавноста тогаш оваа ставка требаше да биде драстично намалена.

Зошто со ребалансот на Буџетот енормно е зголемена стапката тековни резерви за 9,5 милиони евра?

Зошто се наменети парите за доградба на Министерството за финансии за 1,3 милиони евра? Кога веќе јавно беше пуштена во употреба а со Буџетот 2015 година предвидени беа 0 денари за оваа ставка.

Според ваквиот начин на планирање на приходите, ваквиот начин на трошење на народните пари, и начинот на задолжување Владата треба да одговори на клучното прашање:

Дали реченицата „немаме пари за леб, а трошиме за чоколадо“ треба да се дополни со „чоколадото го купуваме на кредит“?

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.