недела , 22 октомври 2017
11823820_10207452961217414_468682077_n-620x320

(ВИДЕО) Објавени снимки на последното амазонско племе недопрено од цивилизацијата

11823820_10207452961217414_468682077_n-620x320Фотографии и една видео снимка се објавени од последното амазонско племе кое досега не беше воопшто фотографирано, бидејќи се работи за луѓе кои немаат контакт со цивилизацијата.

Припадниците на ова племе познати под името „Кујиарено“ или како племото „Машко Пиро“ (Mashco Piro), последните 600 годни живеат во амазонските шуми во Перу, блиску до границата со Бразил, без допир со надворешниот свет.

Но, откако тие убија двајца луѓе со стрела, владата на Перу се обидува да контактира со нив.

Туризмот и картелите за дрога ја намалија територијата за живеење на ова племе, па фотографиите се направени кога тие излегле од шумите во потрага по храна и орудија за лов.

Фото: Jean-Paul van Belle

Тие не се пријателски насторени кон луѓето од надворешниот свет и се бранат со лакови и стрели, токму затоа фотографиите и видеото се снимени од поголема далечина.

Луѓето од ова племе заради намалувањето на нивната територија се’ почесто ја преминуваат реката „Мадре де Диос“ и оваа година биле забележани стотина нивни излегувања од областа во која живеат. Тие се едно од најстарите племиња во амазонските шуми, а експертите предупредуваат дека контактот со нив треба да се воспостави претпазливо.

Фото: Jean-Paul van Belle

– Првиот контакт може да биде фатален и за племето и за тие што сакаат да комуницираат со нив. Треба да се почитува нивната желба да бидат оставени да живеат како и досега, изјави Стивен Кoри, директор на организацијата „Survival International“.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …