недела , 24 септември 2017
Screenshot_28-685x320

(ВИДЕО) Обвинителите на Јанева не се појавија да дадат заклетва

Screenshot_28-685x320Седуммината јавни овинители предложени од Специјаланата обвинителка Катица Јанева и избрани од Советот за јавни обвинители денеска не се појавија во Советот да дадат заклетва.

Претседателот на советот Петар Аневски рече дека утринава Советот добил писмо од Министерството за правда со прилог со потписи од 4-те најголеми политички партии во кое се бара Советот да одржи седница и да ги избере останатите седум обвинители.

Денеска нема да се одржи таа седница. Аневски рече дека советот утре има веќе закажана седница на која што може да се разгледа ова прашање доколку Јанева поднесе барање до Советот.

„Сметаме дека писмото треба да биде упатено до јавната обвинителка, го доставивме на нејзино постапување да се обрати со допис и ние да постапуваме. Доколку достави допис ќе ги разгледаме нејзините барања“, рече тој.

Тој го повтори тврдењето дека засега 7 јавни обвинители ќе и бидат доволни на Јанева и дека Јавните обвинителства низ Македонија се пред колапс поради огромниот обем на работа и малиот број на кадри.

Не е е ова политика, рече Анески, туку сме во незавидна и тешка состојба.

Тој додаде дека доколку Јанева достави допис и образложи дека има премногу работа Советот дополнително би одлучувал.

Аневски смета дека не го крши законот за Специјано јавно обвинителство.

„Ги почитувам политичките партии, меѓународната заедница, ЕУ и американската амбасада, но ова е специфична ситуација. Не чувствувам дека треба да дадам оставка“, додаде тој.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …