вторник , 26 септември 2017
kartovaliev1-685x320

ВИДЕО: Одбраната на Бошкоски бара прекин на судењето и „Ровер“ да премине во рацете на Јанева

kartovaliev1-685x320Постојат информации, кои се доставени до нас, дека повеќе лица кои учествувале во овој процес, не можам да ги именувам лицата, но содржани се во разговорите кои ги добивме, изјави Константин Кратовалиев, адвокат на Љубе Бошкоски, откако денеска беше одложено судското рочиште по предметот „Ровер“. Судот го одложи рочиштето затоа што не се појави застапникот на обвинителниот акт, обвинителката, Лидија Раичевиќ Вучкова.

-Не реков дека дел од судот е вклучен ниту имам сознанија за тоа. Не ја знам содржината на транскриптите, ниту можам да ги интерпретирам – рече тој.

Одбраната на Бошкоски денеска од судот побара прекин на постапката по овој предмет поради овие индиции за незаконска вмешаност на судскиот совет кои, наводно, произлегуваат од прислушуваните разговори. Адвокатите предложија целосно отфрање на обвинителниот акт или, доколку таквите услови не се задоволат, продолжување на истражната постапка.

-Како одбрана на Бошкоски предложивме да се прекине постапката затоа што имаме веродостојни информации, индиции, постојат снимки и транскрипти директно поврзани со „Ровер“ кои му се предадени на специјалниот јавен обвинител. Имајќи ги во предвид начелата на правичност на судењето и економичност на постапката, бараме овој прекин да биде уважен од судот да не дојдеме до апсурдна состојба, а тоа е да се водат паралелни постапки во случај на процесуирање на специјалниот обвинител на истиот овој предмет. Сметаме дека наредното рочиште судот ќе заземе став по нашето барање за прекин на постапката – рече Кратовалиев.

Судијата Илија Трпков, им предложи на обвинетите и одбраната да бараат изземање на судскиот совет доколку се сомневаат во неговата чесност. Кратовалиев вели дека одбраната нема да побара изземање.

-Овој судски совет е добро запознаен со предметот, го води три години, мислам дека и понатаму може да продолжи да си ја врши својата работа – рече тој.

На прашање дали Бошкоски ќе излезе од затвор во мај наредната година, адвокатот рече дека казната пресудена во случајот „Кампања“ му истекува на шести мај, а дека прашање на санкции е дали ќе му бидат овозможени бенифиции кои му следуваат по законот поради добро однесување.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …