петок , 22 септември 2017
solzavecKosovskiP

ВИДЕО: Опозициски пратеник фрли солзавец во косовскиот Парламент

solzavecKosovskiPПратеникот на косовското националиситчко движење Самоопеделување, Албин Курти денеска фрли солзавец во салата на Парламентот на Косово, по продолжување на седница која претпладнето беше прекината поради блокада од страна на опозицијата.

Курти го фрли солзавецот откако пратениците се вратија во собраниските клупи и петседателот на Парламентот, Кадри Весели ја продолжи седницата.

Пратеничка од Демократската партија на Косово се онесвести по што е префрлена во Клиничкиот центар во Приштина. На седницата присуствуаа и претставници на меѓународната заедница, меѓу кои и претставникот на Канцеларијата на ЕУ на Косово, Самјуел Жбогар.

Пред фрлањето на солзавецот имаше турканица меѓу пратениците од опзоцијата и владејачката коалиција и во еден момент пратеничката на Самоопределување Аљбуљена Хајена, фрли чаша полна со вода врз потпретседателот на Парламентот Џавид Хаљитиу.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …