вторник , 26 септември 2017
otvoranje-gradinka

(ВИДЕО) Отворена нова градинка во Центар

otvoranje-gradinka
Во Општина Центар денеска е отворен нов објект, клон на детската градинка „Кочо Рацин“, со капацитет за повеќе од 250 деца, со површина од 2.800 метри квадратни.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски истакна дека изградбата на објектот чини 2 милиони евра, финансиран со општински средства.

– Градинката ќе биде втор, нов дом за децата, топло, убаво и функционално место. При изградбата се користени врвни и долготрајни материјали и се запазени сите светски критериуми за изградба на ваков објект, рече Жерновски.

Градинката „Кочо Рацин“ е јавен објект со винил облога, која е анти-алергена, со подно греење, со современи занимални, тоалети и простории за одмор.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …