недела , 22 октомври 2017
Zaev_Berovo 5.

(Видео) Погледнете ја посетата на претседателот Заев во Берово: Искреност, верба и почит

Zaev_Berovo 5.
На големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше помеѓу граѓаните на Берово.

Во Малешевијата овој празник е меѓу најважните. Секоја година илјадници граѓани се собираат во Берово од околијата, од цела Македонија, но и од странство.

-На помош празникот и нека е за многу години, со овие зборови, со прегратка и топло добредојде гостопримливите и срдечни беровчани го пречекаа претседателот Заев.

Да не чува Богородица и да ни помогне на сите, возврати претседателот Заев, кој го сподели со граѓаните значењето на вистинските христијански и човечки вредности.

Денешниот ден не потсетува на огромното значење на безрезервната љубов, на грижата, на добрината, на хуманоста. Но ’не потсестува и на патот кон вистината, на патот кон трпението, на патот кон помагањето.  Затоа, со славењето на денешниот празник да се потсетиме на овие вредности, да го славиме и меѓусебното почитување и заеднички да ги унапредиме вредностите во нашето општество, рече Заев.

Придружуван од членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчевски и Сања Лукаревска, како и од пратеничката Јагода Шахпаска, заедно со претставници од општинското раководство  на СДСМ Берово, претседателот Заев го посети и отворениот саем на традиционални производи, Малешевијата на дланка.

Продавачите, изложивачите, граѓаните, видно задоволни од посетата на претседателот Заев, искажаната грижа за нивниот труд и надежта којашто тој им ја влева.

Во центарот на Берово младите Беровчани со аплауз го пречекаа претседателот Заев, поканувајќи го на заедничката средба, со кафе.  

Како и во цела Македонија и во Берово младите ги мачи невработеноста и нискиот стандард како најголеми предизвикувачи на иселувањето.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …