сабота , 21 октомври 2017
SDSM_Gevgelija_2-685x320

(ВИДЕО) Ременски: Ситуација со мигрантите налага посериозен ангажман на институциите

SDSM_Gevgelija_2-685x320Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, придружувана од претседатвачот на Централниот одбор на партијата, Диме Велковски и претставници од општинското раководство на СДСМ Гевгелија денеска го посети гевгелискиот регион којшто е најпогоден од последиците на бегалската криза.

Состојбата е сложена, ситуацијата алармантна. Во непосредни средби со граѓаните на Гевгелија, потпретседателката Ременски уште еднаш ја изрази подготвеноста на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија да ги понуди своите човечки ресурси на располгање за да помогне во решавање на проблемите коишто произлегуваат од кризата со бегалците.

Во изјава за медиумите Ременски нагласи дека е неопходен засилен ангажман на институциите. Владата посериозно треба да се зафати со третманот и решавањето на проблемите со кои се соочуваат и мигрантите и граѓаните на населените места низ кои транзитираат мигрантите, рече Ременски.

Потпретседателката на СДСМ ја посети железничката станица во Гевгелија кадешто секојдневно стотици мигранти престојуваат и го чекаат својот ред да ја напуштат Македонија кон северната граница. Хигиенските услови на железничката станица и на сите места каде што моментално престојуваат мигрантите се на незадоволително ниво и претставуваат проблем којшто го загрозува здравјето и животната околина на локалното население. Од тие причини гевгеличани посочија дека неопходно е државните и локалните институции понавремено да се вклучат во чистење на отпадот и одржување на задоволително ниво на хигиена околу железничката станица и во критичните места кадешто транзитираат мигрантите.

Неопходно е, како што рекоа граѓаните, да се зголемат капацитетите за превоз, за да може локалното население безбедно и непречено да го корсти меѓуградскиот и региналниот превоз, бидејќи од септември започнува учебната година и студентите имаат потреба почесто да патуваат.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.