вторник , 26 септември 2017
poznati poddrska

(ВИДЕО) Режисери, музичари, активисти со поддршка на Средношколскиот пленум

poznati poddrskaРежисерот Александар Поповски, музичарите Мирко Попов и Бени Шаќири, новинарот Огнен Јанески, активистите Ана Битољану, Јасмина Голубовска, Албулена Карага, актерката Несрин Таир, Филип Стојановски, во видео порака му дадоа поддршка на Средношколскиот пленум и на барањата на средношколците да се укинат лошите реформски решенија во образованието и да се укине екстерното тестирање во основното и во средното образование.


Пред утрешниот протестен марш, ученици сведочат за силни притисоци и закани од директорите на средните училишта и од некои професори кои сакаат да ги спречат учениците да протестираат.

„Нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме”, им се кажувало на учениците.

Истакнатите јавни личности во своите пораки до средношколците ги охрабруваат учениците да не се откажат од своите барања и масовно да излезат на улица.
Учениците за утре очекуваат уште поголеми притисоци и затворање на вратите на училиштата како што беше на протеститие минатата учебна година.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …