вторник , 24 октомври 2017
lence

(ВИДЕО) Ристоска: Имотот на партијата во 2016 беше ставен под хипотека, затоа бараме замрзнување

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска, по завршувањето на седницата во Врховниот суд за барањето за заштита на законитоста за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, во предметот познат како „Талир“, наведе дека еден од клучните аргументи кои ги изложиле пред судиите е дека веќе еднаш во 2016 година, имотот бил ставен под хипотека кај една од комерцијалните банки.

„Замрзнувањето на имотот е само привремено. Со тоа само би се вовела забрана раководните лица да не можат го отуѓуваат имотот  и да нанесат дополнителна штета  на политичката партија. Ако ја земаме политичката партија како правен субјект, она што го преземаме е во заштита на партијата“, додаде Ристоска.

Освен тоа, како што рече, како прилог понудиле и компаративна пракса, која се однесува на слични предмети. Барањето досега двапати им беше одбиено од судот, но од СЈО сметаат дека сопственоста на белата седумкатна палата треба да остане непроменета.

Во „Талир“ првоосомничен е партискиот лидер Никола Груевски, а осомничени се и пратениците Илија Димовски, Даниела Рангелова и екс-премиерот Емил Димитриев, генералните партиски секретари Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, шефовите на центарот на комуникации Александар Бичиклиски и Иво Котевски.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …