понеделник , 25 септември 2017
589183_brod01foto-ap_f

(ВИДЕО) Руската морнарица лансира 26 проектили кон Исламска држава

589183_brod01foto-ap_fРусија продолжи со напади на Исламска држава во што се вклучија и четири бродови во Каспиското море кои лансираа 26 ракети кои уништиле 11 локации на џихадистите во Сирија.

-Четири наши бродови кои се наоѓаат во Каспиското езеро лансираа 26 ракети на 11 локации на терористите на Исламска држава во Сирија. Ниеден цивилен објект не е погоден, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Проектилите летаа 1.500 километри пред да ги погодат метите. Нападите се изведени во соработка со Ирак и Иран, со оглед дека пректилите мораа да летаат низ воздушниот простор на двете држави за да стигнат до Сирија.

Руските воени бродови претходно имаа улога во разместување на руските борбени авиони во Сирија и испораката на резерви и опрема за авионите недалеку од Латакија во базата Тартус.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …