четврток , 19 октомври 2017
samsung

(ВИДЕО) Самсунг подготвува револуција: Вака ќе изгледа следниот смартфон?

Телефоните со екрани кои се виткаат со години постојат само во теоријата, но изгледа дека работите наскоро ќе се променат.

Иако целото внимание минатата недела беше насочено на Епл кој претстави три нови модели во Самсунг веќе планираат следен чекор.

Само неколку часа пред Епл да ги претстави моделите, Самсунг најави дека следната година сакаат да пуштат во продажба телефон чиј екран може да се витка.

Ова е идеја за која се зборуваше претходните неколку години, а Самсун претстави неколку прототипови, меѓу кои најпознат е Youm. „Виткачките“ екрани ја заголицкаа фантазијата на вљубениците во технологијата, но годините поминуваа а изгледа како се ќе остане само на прототип.

Од Самсунг најавуваат дека го планираат на почетокот на 2018, но дека имаат проблеми кои прво сакаат да ги решат. Пред тоа секако можеме да го очекуваме Samsung Galaxy S9.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …