сабота , 21 октомври 2017
ljupco_nikolovski_050815-640x320

(ВИДЕО) СДСМ: Груевски го напуштаат неговите министри – се ближи крајот на режимската власт

ljupco_nikolovski_050815-640x320„Се редат заминувања во владата на Никола Груевски. Пред дефинитивно да замине од политичката сцена Груевски го напуштаат неговите најблиски министри.

Со последната оставка на Иво Ивановски, министер за администрација и информатичко општество на сите им е јасно дека се ближи крајот на режимската власт и доаѓа слободата“, рече на денешната прес конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Очигледно за Ивановски попривлечно е да се биде вработен во приватна странска компанија отколку да се биде министер во владата на Груевски.

Но, Иво Ивановски должи одговори на целокупната македонска јавност зошто избега токму сега?

Дали избега од страв да се соочи со граѓаните за најголемата партизација на државната администрација што ја направи власта на Никола Груевски?

Политизацијата на државата и државните инситуции, констатирана во сите релевантни меѓународни извештаи за Македонија, се спроведуваше преку министерството со кое раководеше токму Ивановски.

Дали можеби Ивановски избега поради катастрофалната состојба во медиумите во Македонија, исто така констатирана во сите меѓународни извештаи?

Медиумскиот мрак, загрозената медиумска слобода и генерално состојбата во медиумите е во целосна надлежност на министерството со кое раководеше токму тој, Иво Ивановски.

Владините неуспеси во клучните области, партизацијата на државните институции, владината контрола врз медиумите, ја оддалечи Македонија и од европскиот пат и од патот на демократските држави.

Конечно, Иво Ивановски е должен да одговори дали неговото заминување крие нешто дополнително скандалозно за што јавноста сè уште не знае?

Пред да замине од Република Македонија јавноста ги очекува одговорите“, изјави Љупчо Николовски.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.