вторник , 26 септември 2017
Screenshot_44-685x320

(ВИДЕО) СДСМ: Патот до македонско – бугарската граница е уште едно ризично дело на популизмот на Груевски

Screenshot_44-685x320Се наоѓаме на магистралниот пат М6 што од Струмица преку Ново Село води до македонско – бугарската граница. Oвој пат е уште едно ризично дело на популизмот на Груевски. Со месеци патот е оставен недоизграден. Изгребан е само горниот слој од асфалтот и толку, рече Светлана Мазгалоска Вучетиќ, поранешен пратеник од СДСМ.

Граѓаните возат по небезбеден пат. Треба ли да се случи жртва? Секодневно граѓаните ги оштетуваат возилата што исто така може да биде причина за незгода.

Не станува збор за локален пат, туку за дел од магистрален пат и тоа со голема фреквенција на возила кон Бугарија и обратно, а преку Кулата и за Грција.

Патот кој е оставен раскопан преставува огромен проблем и за граѓаните од населените места на општината и за околните населени места, особено во четврток, кога е пазарен ден во Ново Село.

Подготовки за пат се прават неколку дена пред поставување на асфалтот. Ако е потребно гребење на горниот слој тоа се прави брзо и веднаш се продолжува со работа. Такви се светските практики, што во Македонија секако не важат.

За овој магистрален пат, во буџетите за 2012, 2013 и 2014 пратениците на СДСМ поднесоа амандмани за поставување нов асфалт, но мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати.

Груевски очигледно чека да се доближи датумот за избори. Порачуваме проблемот веднаш да се реши. За евентуалните несакани последици ќе одговара власта.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …