петок , 22 септември 2017
Sekerinska7-640x320

(ВИДЕО) Шекеринска во Гевгелија: Нашата визија е да создадеме општество на еднакви и слободни граѓани

Sekerinska7-640x320Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше помеѓу граѓаните на Гевгелија.

Шекеринска го посети местото од каде што започнува транспортот со автобуси и такси превозници на мигрантите. Граѓаните од овој град проговорија за она што се случува и како ситуацијата со мигрантите се злоупотребува за да профитират лица блиски до власта.

-Видете, се работи на црно, на маката на бегалците заработуваат луѓето блиски до власта. Точно се знае кој може да превезува, кој може нешто да продава, препродава. Секојдневно се превезуваат бегалци со такси возила и автобуси по многу повисоки цени. Никој не презема ништо, законите не важат овде за оние што се блиски до власта, посочија граѓаните.

-И за општината мора да важат законите. Ќе иницираме собраниска дебата за ова прашање, рече Шекеринска.

Sekerinska6

Здравството не функционира. Нема лекари, опрема и соодветни услови, велат жителите на непосредните средби низ централното градско подрачје. Немаме ни основни услови за живот, немаме здрава вода за пиење. Ако нема за вода во Гевгелија, како може да има за споменици во Скопје, велат револтирани граѓаните на Гевгелија.

Sekerinska5

-Здравствениот систем се распаѓа како кула од карти, лошата состојба не е само во гевгелиската болница. Заедно ќе изградиме здрави темели за подобро општество, рече Шекеринска.

Иселувањето на младите го зафатило и овој крај. На средба со младите од Гевгелија Шекеринска порача дека СДСМ има визија како работите во Македонија да се променат за младите да останат дома.

Sekerinska4

-Со младите ни се случува егзодус. Тие не заминуваат затоа што бараат преку леб погача, туку затоа што не гледаат иднина во Македонија. Затоа сме помеѓу вас, да зборуваме како после април и да ги слушнеме вашите сугестии. Нудиме визија којашто ќе ги задржи младите во родната земја, рече заменик претседателката Шекеринска.

-Не чека многу работа. Ќе одиме чекор по чекор, мерка по мерка, Македонија да биде подобро место за живеење за сите, ама најмногу за идните генерации, рече Шекеринска.

Sekerinska3

Огромните казни и извршители коишто секојдневно им тропаат на врата не им даваат спокој на граѓаните.

-Ќе направиме казните да зависат од висината на приходите. Недозволиво е иста казна да плаќа и оној којшто зема минимална плата и оној со многу поголеми примања. Дополнително ќе ги намалиме и извршителските трошоци, рече Шекеринска.

-Ова не е веќе онаа Гевгелија сите што ја знаат. Тешко се живее и тука. Сиромаштијата нé тепа и нас. Ние живееме само од социјална помош, фамилијата не можеме да си ја нараниме.

Sekerinska2

Вака, со тешки зборови за проблемите што ги мачат, граѓани приматели на социјална помош и се обратија на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

-За жал, Македонија е држава со најголема нееднаквост. За едни важат закони, за други не важат. За едни има работни места, други бркаат од работа, за едни има социјална помош, за други нема. Реалноста покажа дека власта ги дели граѓаните по сите основи и ги злоупотребува институциите само за партиски цели. Нееднаквоста што ја чувствуваме сите постои и мора да ја промениме. Нашата визија е да создадеме општество на еднакви и слободни граѓани, рече Шекеринска.

Sekerinska8

Зборувајќи за актуелната политичка ситуација Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од договореното затоа што се плаши од слободни, фер и демократски избори и од соочување со одговорноста.

-Македонија е соочена со сериозни предизвици, има проблеми со криминал, со корупција, со бегалска криза. На Македонија не и треба министер за внатрешни работи со врзани раце, којшто ќе седи во кабинет и ќе пие кафе. На Македонија и треба независен министер за внатрешни работи кој ќе се зафати со борба против криминалот, корупцијата и ќе обезбеди фер и демократски избори, рече Шекеринска.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …