сабота , 23 септември 2017
shilegov_27102015-685x320

(ВИДЕО) Шилегов: Целосна имплементација на Договорот е во интерес на Македонија

shilegov_27102015-685x320Што се однесува до Социјалдемократскиот сојуз овој Договор е прекршен уште со неизбирањето на тимот на специјалниот јавен обвинител кога директно беше прекршен законот за специјалното јавно обвинителство. Едно е јасно од целиот овој процес на постигнување на Договор и негова имплементација, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствената политичка партија којашто државните интереси ги стави пред своите партиски интереси што само сведочи каква власт ќе бидеме, одговори Шилегов на новинарското прашање до каде е реализацијата на Договорот од Пржино.

Во продолжение интегрален текст од сите прашања:

П2: Во дел од медиумите излегоа информации дека Социјалдемократскиот сојуз повторно ќе почне да објавува прислушувани разговори овој пат од собраниската говорница. Како го коментирате тоа?

Ние не коментираме медиумски шпекулации. Работата на СДСМ и односот кон јавноста на СДСМ секогаш е транспарентен, јавен и навреме најавен.

П3: На вашиот фејсбук профил нели објавивте “тик-так-тик-так“, па прашањето е дали СДСМ повторно ќе го активира објавувањето на бомбите?

Одговорот е дека на Никола Груевски часовникот му отчукува.

П4: Ако може поконкретен одговор, велите дека Договорот пропадна, условно така да кажеме и веќе не може да се спроведува понатаму бидејќи неколку рокови за неговата имплементација се поминати, не само за тимот на јавниот специјален обвинител туку и за министрите во Владата и замениците министри и т.н. Дали ќе продолжите со бомби и која е вашата идна стратегија?

Каков ќе биде нашиот ангажман на неколку пати повторуваме на време ќе ја известиме јавноста. Она што е фундаментално и битно за Република Македонија е да дојде до целосна имплементација на Договорот од Пржино во целост. Не може Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ да избегнат именување на целокупниот тим на специјалниот јавен обвинител. Значи мора да се испочитува тој закон. Не може Никола Груевски да избегне одговорност и да избегне состојба во којашто министрите коишто треба да бидат именувани во техничката Влада на Република Македонија ќе ги имаат сите законски ингеренции. Тоа се работи од коишто не може да избега и неговото време одминува. Кажав и повторувам, СДСМ ќе направи `се и прави `се, и нема да дозволиме како политичка партија Република Македонија да го заземе колосекот на Белорусија на Балканот. Република Македонија нема алтернатива за својата евро-атлантска интеграција.

П5: До кога ќе треба да се спроведе овој Договор кога најклучните точки не се спроведувани и роковите се згазени. Кога е крајниот рок до кога Вие може да истрпите, условно така да кажам?

Социјалдемократскиот сојуз, повторувам, своите партиски интереси ги става зад државните интереси. Државен интерес на Република Македонија е нејзината евро-атлантска интеграција.

П6: Ако може да ве прашам, гледам поседувате некои материјали, во врска со овие информации дека паријата ВМРО-ДПМНЕ купила имот од над 11 милиони евра. Дали поднесовте кривична пријава? Кој очекувате да го разреши ова прашање, специјалното обвинителство или она за организиран криминал?:

Партизираните институции не очекуваме дека ќе може да поведат постапка на одговорност за купен партиски имот.

П7: Специјалното обвинителство?

Значи ќе си дојде време соодветно кога секој ќе одговара за своите злодела, според законите. Факт е дека Никола Груевски и криминалната структура околу него што и да направат во оваа држава кога-тогаш ќе мора да се соочат со резултатите од своите злодела.

П8: Ако може уште едно прашање, доколку еве не се постигне Договор и нема разрешница околу спорните прашања за техничка Влада и за овие закони што се за свиркачите и за бомбите. Дали другите закони остануваат во игра и дали продолжува специјалниот јавен обвинител со она што е негова основна задача?

Интерес на Република Македонија и на СДСМ е Пржинскиот Договор во целост да биде интегриран и имплементиран. Парцијалните решенија по определени прашања не можат да бидат задоволителни за Република Македонија пред се, а потоа и за Социјалдемократскиот сојуз.

П9: Советот ја јавни обвинители дали го прекрши Законот со тоа што тој протолкува колку соработници се потребни за Јанева?

Советот за јавни обвинители не само што го прекрши Законот туку ако гледате малку формално правно веројатно се стави во улога на помагач на извршител на кривично дело во прикривање на неговите траги. Специјалното јавно обвинителство во Република Македонија го избравме и се согласивме дека ќе го избереме со цел да ги преиспита фактите околу содржината на објавените телефонски разговори и незаконското прислушување. Со самото опструирање, односно кршење на Законот од страна на Советот на јавните обвинители, може да се доведе во прашање и нивната лична одговорност како поединци со тоа што го помагаат да не може да излезе правдината на видело.

П10: Очигледно сите рокови се пробиени и останува се помалку време да се организираат избори. Станало ли збор за одложување на изборите на пример за онолку за колку што се пролонгирани роковите за изборен законик, за привремена влада и сл?

На Република Македонија и се неопходни фер и демократски избори, не и требаат избори по терк на Никола Груевски.

П11: Апсолутно тоа е јасно. Но дали на работните групи се зборува на пример наместо на 24-ти април, да бидат на 10-ти мај, за онолку денови за колку што се касни, да се продолжи…

Нема средби на работните групи во периодов.

П12: Како го толкувате вчерашниот настап на претседателот Ѓорѓе Иванов во Брисел?

Подобро ќе беше да намигнеше.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …