вторник , 26 септември 2017
Screenshot_38

(ВИДЕО) Советот не работел по партиски налози, не го избра целиот тим на Катица Јанева

Screenshot_38Повторно Советот на јавни обвинители не го комплетираше тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Седницата на Советот заврши, но седумте обвинители на специјаланта обвинителка Катица Јанева не се избрани. Точката за нивен избор воопшто не била ставена на дневен ред, иако имало предлог на еден од членовите.

„При гласањето на 11-те членови на Советот дали изборот на специјалните обвинители да се најде денеска на дневен ред, 6 членови гласале дека не треба повторно да се зборува за специјалното обвинителство и да се изберат уште седум обвинители.

„Советот не смее да се доведе во ситуација одново да гласа за истите седум кандидати. Нема нови околности, нема нови кандидати. Може да разгледаме на наредната седница. На седницата присуствуваа и претставници на ОБСЕ и амбасадата на САД. Вратата за Катица јанева е отворена да дојде и да разговараме за да се најде излез од кризата. Не знаев што ќе ми достави. Таа ми ја достави истата листа. Ние не работиме по писма и препораки на политичките партии. Одлука за бројот на обвинители носи Советот на јавни обвинители. Нас не не интересира договорот на политичките партии“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Членовите оцениле повторно дека на Јанева нема да и требаат 14, туку само седум обвинители, кои веќе се избрани, но немаат дадено заклетва.

Јанева воопшто не присуствуваше на седицата. Овој пат претседателот на советот Петар Аневски одлучи дека новинарите, фотографите и камерманите не треба да влезат и да снимаат, ниту на почетокот на седницата, што до сега беше дозволено.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …