вторник , 26 септември 2017
oliver radovis

(ВИДЕО) Спасовски во Радовиш: Праведно општество ослободено од груевизирани институции ќе ги задржи младите

oliver radovis
„Врнежливото време не ги спречи радовишани масовно и средечно да го пречекаат генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и да ги искажат своите маки од неподносливите услови за живот во коишто живеат“, велат од СДСМ.

„Децата да ни ги вратите, куќите ни останаа празни!“ ,се жалеа повозрасните граѓаните на големиот егзодус на младите, велејќи дека премиерот во заминување ја манипулира јавноста со наводниот голем број на вработувања.

„Знаеме дека повеќето од младите или се избришани од евиденцијата на Заводот за вработување, или ја напуштиле родната грутка, не веруваме во никакви вработувања, никој не може да преживее со 9000 денари“, коментираа граѓаните разочарани од заминувањето на нивните најмили деца и внуци.

Имаме решенија коишто ќе гарантираат отворање на нови и сигурни работни места и ќе го кренат стандардот на граѓаните. Ако младите имаат сигурна иднина тука, ќе останат дома и нема да се иселуваат надвор, рече Спасовски.

Генералниот секретар Спасовски, во разговорите што ги имаше со пензионерите од Радовиш, посочи дека власта им го одзема законското право на пензионерите на усогласување на пензиите коешто по Закон треба да се прави два пати годишно. Изминативе девет години се направени само 4 такви усогласувања на пензиите.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ова ќе го промени, и покрај почитувањето на законското усогласување на пензиите, годишно пензиите ќе имаат покачување коешто ќе обезбедува мирна и достоинствена старост.

Во центарот на градот, во едно кафуле, генералниот секретар Спасовски заедно со Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, оствари средба со младите од Радовиш на којашто се разговараше за начините на коишто младите може да се задржат во државата.

Само праведно општество, ослободено од груевизирани институции, коешто ќе нуди еднакви шанси за сите, во коешто ќе владее правото и демократијата и во коешто парите ќе се вратат кај граѓаните, ќе ги задржи младите во Македонија.

Посетите со граѓаните продолжија во с. Злеово и во с. Калуѓерица кадешто граѓаните побараа да се случат промени, затоа како што велат тие се потешко се живее од макотрпната работа во земјоделството. Ниту добиваат навремени субвенции, ниту добиваат пласман на земјоделските производи, ниту земјата е во рацете на вистинските земјоделци.

„Програмата на СДСМ, ќе биде програма којашто ќе произлезе од Вас граѓаните и ќе биде за Вас граѓаните. Промените ќе се случат, ќе го вратиме достоинството на нашата држава и достоинтсвото на нашите граѓани“ рече Спасовски во своето обраќање пред граѓаните.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …