вторник , 26 септември 2017
tajzi1

(ВИДЕО) Тајзи со нова романтична балада и спот

tajzi
Еден од најуспешните,но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што  и покрај озборувањата собра најголема публика.
Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека  музиката  е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да  излезе наредната година.

„Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна  и мислам дека сега и дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат  песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и  како што кажува самиот текст- животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал највише“- вели Тајзи во врска со новата песна- “Се ми е со тебе“.

Новите песни на кои работи  се со реге-ска ритам и со социјални теми и како што тој самиот кажува, продолжува по патот на будење на свеста на луѓето за подобро утре ,за материјализмот кој се повеќе е во луѓето ,за  еднаквост  и соживот како и против било каква поделба била верска или партиска.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …