недела , 24 септември 2017
tevdovski_12102015

(ВИДЕО) Тевдовски: Воведуваме правични даноци и извлекуваме од сиромаштија

tevdovski_12102015
„Нашата цел е да ја победиме нееднаквоста во општеството и да ја вратиме средната класа! Обезбедуваме поправеден даночен систем. Ги извлекуваме луѓето од сиромаштија. Овозможуваме социјална заштита според реалните потреби на граѓаните.

Вака мислиме да дојдеме до целта“, рече на денешната прес конференција Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија, СДСМ.

„Од денеска го подигнуваме вториот столб од Визијата за Македонија. Веднаш до одговорна власт и контрола врз власта поставуваме ПРАВЕДНА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ И ИЗВЛЕКУВАЊЕ ОД СИРОМАШТИЈА.

Зошто е потребно?

Македонија има најголема нееднаквост во распределбата на доходот во Европа.

Погледнете го графиконот – проблематично е тоа што даноците и социјалните трансфери воопшто не вршат прераспределба на доходот, односно намалување на нееднаквоста во земјава!

grafikon1

Црвената линија го претставува движењето на нееднаквоста којашто ја создава пазарот, т.е. Џини индексот пресметан врз основа на пазарниот доход – без корекцијата со даноците и социјалните трансфери. Сината линија го претставува движењето на нееднаквоста во  расположливиот доходот, т.е. Џини индексот после корекцијата со даноците и социјалните трансфери. Овие линии и нивните области се скоро исти, што значи дека нема корекција во нееднаквоста. Спротивно на ова, во Словенија даноците и социјалните трансфери сериозно ја намалуваат нееднаквоста на доходот. Така, на пример, тие го намалуваат Џини индексот од 42 на 25 во 2010 година. Ист е случајот, ако наместо Словенија, на графиконот се прикаже на пример Германија.

Долгогодишното постоење голема нееднаквост во тековниот доход создава огромни разлики во стекнатото богатство помеѓу граѓаните.

Мерките што ги предвидуваме во даночниот систем имаат за цел поголеми зафаќања од најбогатите, а пониски даноци за сиромашните. Еве како. На пример:

  1. На граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, им се враќа износот што како персонален данок на доход претходно бил уплатен од страна на нивните работодавачи. 5-те проценти граѓани со највисока годишна даночна основица плаќаат повисок данок на доход. Тоа значи дека за големото мнозинство граѓани на Македонија останува само постојната стапка на данокот на доход од 10 проценти. Исто така, ја укинуваме максималната горна граница за плаќање придонеси на платите, со цел да го отстраниме регресивното даночно оптоварување кај платите.
  2. Даночната стапка на данокот на имот вреден над 400.000 евра се зголемува за 0,1 процентен поен.

Поголемото зафаќање пари од најбогатите ќе придонесе кон повеќе средства за социјалните случаи, односно за поголеми социјални трансфери. Тоа значи и подобрување на услугите што ќе ги добива средната класа во јавното здравство, во образованието, за изградба на детски градинки во општините и слично.

Со цел да обезбедиме предвидливост и стабилност на деловното окружување, останува иста постојната единствена стапка од 10 проценти кај данокот на добивка!

За другите наши предлог мерки за праведни даноци ќе зборуваме на дебатите утре во Кичево и задутре во Скопје“, изјави Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …