недела , 24 септември 2017
carovska_12.11.2015-685x320

(ВИДЕО) Царовска: Граѓани, со социјална помош, со попреченост, самохрани родители, воведуваме систем што подава рака!

carovska_12.11.2015-685x320
„Нееднаквоста во општеството за којашто зборуваме најсилно ја чувствуваат сиромашните граѓани. Тоа не се процент или два, тоа се повеќе од третина од граѓаните во Македонија, според Заводот за статистика“, рече на денешната прес конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, СДСМ.

„Висината на социјалната парична помош не обезбедува извлекување на корисниците од сиромаштија. Нетранспарентното доделување на социјалните трансфери дополнително ја зголемува нееднаквоста. Социјалниот систем на заштита не се однесува само на сиромашните, тука се самохраните родители, лицата со сите типови на попреченост, бездомните лица, старите лица кои немаат помош и поддршка од нивните семејства, децата кои се без родители и родителска грижа…

Македонија има слаб и сиромашен систем на социјална заштита. Ние тоа го менуваме!

Еве неколку мерки што ќе покажат како:

Извлекуваме од сиромаштија.

Воведуваме програма за минимален достоинствен приход. Лицата кои живеат во сиромаштија ќе добијат паричен надомест како надополнување на нивниот приход до линијата на сиромаштија во државата. Целта е да бидат извлечени од состојба на сиромаштија. На пример, ако единствен приход за семејство од четири члена е социјална парична помош од 5.700 денари и линијата на сиромаштија изнесува 12.000 денари, преку оваа програма тоа семејство, покрај социјалната помош ќе прима и паричен надомест од 6.300 денари.

Секое дете ни е важно.

Воведуваме професионализација на улогата на згрижувачките семејства, со воспоставување мрежа на згрижувачки семејства на кои им е регулиран работниот однос во договор со државата. Децата сместени во гломазните институции за згрижување добиваат можност да живеат во семејства со топлина, грижа и нега соодветна за нивната возраст и развој.

За децата чии социјален ризик не дозволува згрижувачко семејство, се формираат регионални мали групни домови, во коишто децата имаат третман како да живеат во семејство.

Претшколското образование е клуч за квалитетен раст и развој на децата. Затоа финансираме изградба нови граадинки и го зголемуваме капацитетот на постојните. Целта е да се зголеми бројот на деца во градинките за 50 проценти.

Еднородителските семејства не се препуштени сами на себе. 

Воведуваме бесплатни сервиси за еднородителските семејства со потпросечни примања.

Ги ослободуваме од јавни давачки (радио-дифузна такса, јавен превоз, општински комуналии давачки, надомест за градинка, основно училиште) еднородителските семејства со плата пониска од просечната плата.

Домувањето е право, не е привилегија. 

Социјалните станови прераснуваат во колективни станбени заедници управувани од локалната самоуправа. Право на користење имаат граѓани кои се во системот на социјална заштита и граѓани со ниски примања, како и млади партнерски заедници  и лица со попреченост кои не поседуваат друг имот, корисници на државна социјална пензија.

Локалната самоуправа издвојува пари за бенефиции за домување на лица кои немаат каде да живеат, доколку нема можност да изгради колективни станбени заедници.

Овозможуваме целосна интеграција на лицата со попреченост. 

Износот на средства за заштита на правата на лицата со посебни потреби го зголемуваме за 50 проценти.

Семејствата со деца со попреченост добиват можност за бесплатна поддршка од дефектолог во нивниот дом и лични асистенти.

Воведуваме државна социјална пензија.

На лицата постари од 65 години на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за право на пензија, им се овозможува да извршат докуп на стажот. Тие кои нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на друга парична помош од државата, примаат државна социјална пензија.

Креираме систем за социјална заштита што одговара на потребите на граѓаните. Посебни институции ќе водат контрола за исплатата на социјалните бенефиции. воведуваме семеен социјален работник, близок до граѓаните. Програмирањето и управувањето на социјалните услуги ќе се даде во надлежност на локалните самоуправи. Со ова социјалните услуги ќе бидат поблиски до граѓаните и ќе нудат поддршка на оние на кои им се најпотребни“, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, СДСМ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …