вторник , 26 септември 2017
protesti-crna-gora-foto-vijestime-1445108619-763949-685x320

(ВИДЕО) Црна Гора пред хаос: Судири на полицијата и демонстрантите

protesti-crna-gora-foto-vijestime-1445108619-763949-685x320
Вчера вечер во Подгорица дојде до повеќе судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Опозицијата бара техничка влада која ќе организира избори, затоа што е убедена дека со измама власта повторно ќе ги добие изборите.

Пред црногорското собрание вечерва се уапсени повеќе демонстранти, а помеѓу нив се и припадниците на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ и Владислав Дајковиќ.

Уапсени се и претседателот на Извршниот одбор на Матица Српска, професорот Владимир Божовиќ и Бошко Вукичевиќ од движењето “ Слобода на народот“.

Полицијата на демонстрантите вечерва фрли солзавец и две шок бомби, а специјалните единици се стационирани на сите главни улици во центарот на Подгорица.

Група демонстранти во која беа и повеќе професори пред полицијата викаа “Отпор, отпор“, по што полицијата почна да ги турка и ги собори на земја.

Претседателот на црногорското собрание за недела на пладне закажа итен состанок со лидерите на политичките партии на кој треба да се разгледа нарушената политичка и безбедносна ситуација во земјата.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …