вторник , 24 октомври 2017
snimanje ubistvo

(ВИДЕО) Убиецот на новинарите се снимал со камера и поставил видео на Фејсбук

snimanje ubistvo 1
Осомничениот за убиството на новинарката и снимателот на американската телевизиска мрежа „WDBJ7“, Вестер Фланаган, го снимил настанот и го објавил на својот Фејсбук профил. На снимката се гледа како на настраданите им приоѓа од зад грб, го насочува пиштолот кон нив и пука.

Фланаган во меѓувреме во „ABC News“ испратил манифест на 23 страници, во кој ги објаснува причините за неговата постапка. Во него се наведува дека тој бил мета на дискриминација на работа, додека работел со жртвите, бидејќи, како што посочил, бил црнец и хомосексуалец. Како најголема причина, го навел масакрот над црнци во црквата во Чарлстон, од пред неколку месеци, кој го направи млад белец од расистички побуди.

Од истата телевизија во која работеле жртвите, Фланаган е отпуштен пред две години. Тој, според тоа што го напишал, после тоа западнал во голема финансиска криза и долгови, а бил многу навреден поради тоа што снимателот кој е убиен, го снимил моментот кога на Флананган му даваат отказ од работа. Уште тогаш, тој ја предупредил жртвата со зборовите: „Ќе ти вратам за ова“.

Од телевизијата „WDBJ7“ Фланаган го опишуваат како „несреќен човек“ со кој било многу тешко да се работи. А, кога му дале отказ, требало полиција да интервенира за да ја напушти телевизијата.

Тој почина во болница во Вирџинија, откако пукал во себе и се здобил со тешки повреди. Во полициска потера по него, Фланаган доживеал сообраќајна несреќа, откако со автомобилот излетал од патот и е пронајден со прострелна рана.

Трагедијата се случи во трговскиот центар во местото Бедфорд, кога се слушнале пукотници од огнено оружје по што новинарката и снимателот и нивните соговорници се обиделе да се скријат.

Телевизијата (WDBJ7) јави дека е убиена новинарката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27), а дека интервјуираната извршна директорка на стопанската комора на областа „Смит Маунтин Лејк“ Вики Гарднер е погодена во пределот на грбот и е хоспитализирана.

Убиството, буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарката и снимателот. Додека репортерката ја интервјуирала Гарднер одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …