недела , 22 октомври 2017
IMG_20150812_111822-670x320

ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ после еден час го крена штандот за подобар живот на младите

IMG_20150812_111822-670x320Само еден час беше отворен штадот на младите членови на ВМРО-ДПМНЕ со кој денеска имаа намера да го одбележат Денот на младите кој се слави интернационално. Од плоштад „Македонија“ исчезна и таблата на која граѓаните можеа да ги споделат своите идеи и креативни размислувања за она што им треба на младите.

Претставниците на Унијата на млади сили на владејачката партија денеска одржаа прес конференција на која апелираа до младите луѓе да ги напишат своите идеи на поставена табла, ветувајќи дека ќе бидат земени во предвид. Еден час потоа од улица „Македонија“го снема штандот на УМС.

На самата прес конференција, Даниела Симоновска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во име на партијата им порача на младите да и се приклучат на Унијата за заедно да ја градат иднината.

– ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија каде најмногу доверба им се дава на младите и се работи за подобрување на животниот стандард имајќи ја во предвид енергијата, посветеноста, креативноста, желбата за одлучно преземање на предизвици. Мотото на оваа иницијатива за собирање на идеи кои подоцна ќе бидат разгледани за имплементирање на истите е „Напиши идеја за подобар живот на младите“, рече Симоновска.

Таа одби да одговори на прашања од новинарите и на тој начин да ги адресира најгорливите проблеми со кои се соочуваат младите во Македонија. На новинарите им беше понудено, наместо прашања, своите идеи да ги напишат на таблата на штандот.

– Денеска сме тука да го одбележиме Денот на младите и за таа цел ќе ве замолам идеите да ги запишете на таблата позади. Запишете ги вашите идеи и проблемите ние ќе ги имаме во предвид – им рече Симоновска на новинарите кои прашуваа со кои проблеми се соочуваат младите.

Според статистиките Македонија со години е на дното кога станува збор за невработеноста кај оваа категорија. Најдлабока е невработеноста кај младите и тоа со 54 отсто, бројка која варира, но секогаш е над педест прценти. Од 2009 година Македонија е на второ место во светот по невработеност кај млади, пред Македонија е Мртник, а зад неа Јужна Африка и Палестина.

Невладините организации годинава излегоа со податок дека според податоците од 2014 година, Македонија е европски рекордер по невработеност кај државјани на возраст од 15 до 29 години.

– Невработеноста на младите во последниот квартал од минатата година на возраст од 15 до 29 години во нашата држава е 54 проценти, што е една од највисоките стапки на невработеност во европски рамки. За ова постојат повеќе причини, како недоволен број на работни места и, секако, несоодветните квалификации што ги добиваат од формалното образование, по што младите не се подготвени да влезат на пазарот на трудот – рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

Новата анализа на Фондацијата Фридрих Еберт , спроведена врз основа на анкета во период од 2011 до 2015 година, покажува, пак, дека дури 52,8% од младите во Македонија би емигрирале во странство. Најчестата причина поради која би заминале е подобрување на стандардот на живот, пристап до подобри можности за вработување и подобро образование, покажува студијата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …