понеделник , 25 септември 2017
Screenshot_46

(ВИДЕО) Ванхауте: Нема да се откажеме, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Screenshot_46Изминатата ноќ била тешка за работните групи кои ги договараат точките за имплементација на договорот од Пржино, изјави белгискиот експерт и олеснувач на процесот, Питер Ванхауте.

Тој денеска пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии.

Нема да се откажеме затоа што мораме да постигнеме прогрес во оваа држава, им рече Ванхауте на новинарите на влезот од резиденцијата.

-Работиме секој ден за да постигнеме напредок, можам да кажам дека и ноќе работиме. Мора да постигнеме напредок во оваа земја. Секогаш е корисно луѓето да дојдат, да ја видат ситуацијата со свои очи и да зборуваат со луѓето за да формираат сопствено мислење – рече тој на прашање дали беше неопходно доаѓањето на Хан.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …