сабота , 21 октомври 2017
Zoran Vitanov

(ВИДЕО) Витанов: Владите не мислат долгорочно, туку како да купат избори

Zoran Vitanov
Сите влади во Македонија, со мали исклучоци, премногу мислеа на четири години, не мислеа на 14, на 30, не дај боже на повеќе, такви не сме доживеале, тие гледаат да ги купат гласовите, наместо да направат нешто за иднината, вели поранешниот заменик министер за економија и пратеник Зоран Витанов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.


Македонските девизни резерви од крајот на јануари до крајот на јули се намалени за 285 милиони евра. Колку тоа се должи на неодговорно трошење на власта?

Јас мислам дека пред сè се должи на неодговорното трошење на власта. Tрошењето, јас многупати сум кажал дека не е многу страшно и не е за осудување, напротив во многу ситуации за да се поттикне развој пожелно е трошењето, меѓутоа трошење во инфраструктура пред сè. Не мислам тука на селски патишта и на локални патишта за купување на гласови, мислам на хидроцентрали, мислам на обновливи извори на енергија, мислам таму кај што Македонија и онака има премногу нето девизен одлив за да компензира, како што е енергијата. Исто така и за производство на храна. Македонија иако е позната како голем производител на храна, од година на година производството на храна, извозот на храна опаѓа, а увозот на храна се зголемува. Тоа значи дека нема една долгорочна стратешка позиција и тоа не се однесува само на оваа влада. Знаете сите влади во Македонија, со мали исклучоци се покажаа премногу егоцентрични, премногу мислеа на четири години, не мислеа на 14, на 30, не дај боже на повеќе, такви не сме доживеале, тие гледаат да ги купат гласовите. Премногу егоцентризмот не воведе во стратешките позиции, една од таквите се и девизните резерви, задолжувањето исто така, да бидат оштетени долгорочно така да кажам. Тука треба и граѓаните малку да се свестат, да поттикнат стратешко планирање во економијата кога политичарите се нудат да дојдат на власт и да биде критериум за вредностите, да ја отфрлат на следните избори власта којашто тоа не го прави. За жал, Македонија е една од најсиромашните земји во Европа токму поради тој недостиг на такви долгорочни стратегии во економијата.

Ги спомнавте граѓаните. Сметате дека тие не се свесни или избираат да молчат за лошите политики на власта?

Сметам дека граѓаните не се свесни, затоа што тие реперкусии не се чувствуваат денес, се чувствуваат дури после десет години, се чувствуваат дури и на следна генерација и лично сметам дека граѓаните не свесни за тоа, и затоа тука малку и стручната економската јавност, стопанските комори, Сојузот на коморите, еснафите, луѓето што се во стручната фела, институтите, универзитетите, научната мисла, тие треба да обрнат повеќе внимание, некако премногу владее незнаење и премногу владее опортунизам, конформизам во интелектуалната елита, и тие се тие, еве и таквите емисии, се тие коишто треба да поттикнат да се изостри тој критериум на вреднување кога луѓето ќе излезат на избори да знаат да ги измерат тие недела, затоа што лесно е ние да направиме една канализација, да направиме некој локален пат или да ги зголемиме пензиите со нови задолжувања, со нови кредити, и да кажеме еве владата работи. Од денес за денес ние гаснеме пожари, политиката од денес за денес не е политика и не е менталитет на богатите луѓе, таа е менталитет на сиромашните луѓе и не само што остануваме сиромашни, туку напредуваме во сиромаштијата со таков менталитет.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.