вторник , 24 октомври 2017
12847-vrtoglav-pad-na-bruto-domashniot-proizvod-od-1.8-vo-vtoroto-trimesechje-1

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ почна ера на падови во македонската економија

Анета Стојановска-Стефанова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција се осврна на најновите податоци за економијата во Република Македонија.

„Владата на СДСМ во сто дена работење во извршната власт, според најновите економски показатели, почнала една нова ера, ера на падови во македонската економија.
Имено, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%. Ова е втор едноподруго пад откако во првиот квартал бележеше стагнација или беше 0%“, вели Стојановска-Стефанова во денешното соопштение.

 

Таа вели дека ваков вртоглав пад на БДП македонската економија одамна на памети.

„За споредба, БДП во второто тримесечје за 2016 година изнесуваше 2.2%, а за истиот квартал во 2015 БДП беше 2.6 %. Иако ова беше еден тежок период за македонската економија поради политичката криза што ја креираше СДСМ, сепак, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ вложи максимални напори за да ги амортизира негативните ефекти врз македонската економија.
Домашната економија растеше забрзано и за време на првата година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, стапката на раст на БДП во 2007 година достигна рекордни 5.8%. Исто така во 2008 година кога ниту Република Македонија не можеше да биде изолирана од надворешните шокови кои ги носеше светската финансиска криза, сепак стапката на раст на БДП беше стабилни 5%“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Најновиот податок што го објави Државниот завод за статистика за БДП од -1.8%, како што вели Стојановска-Стефанова, е петти по ред во низа за еден краток период, односно петти податок од економската сфера кој укажува на сериозен пад на економијата. Најголем пад, додава таа, има во секторот на градежништвото каде што се бележи пад од дури 19.9% за издадени одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …