вторник , 26 септември 2017
zoranzaevKej

(ВИДЕО) Заев: Финансиски ќе ги јакнеме сиромашните на сметка на богатите

zoranzaevKejСДСМ ја започна дебатата за партиската платформа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека преку повеќе активности, враќање на ДДВ на граѓаните, социјалните трансфери и цел пакет на мерки, пополека ќе јакне сиромашната класа, на сметка на богатите.

„Прашање е за колку ќе ги намалиме даноците за граѓаните, а за колку ќе ги зголемиме на богатите. Богатите имаат најлесен и најбрз пристап до националниот доход, па стануваат се побогати и побогати, а сиромашните се посиромашни и посиромашни. Сиромашните се околу 78 проценти од населението во Македонија.

Преку подигање на вкупниот приход во сeмејството треба да создадеме средна класа. Од вкупниот приход, кога ќе се извршат сите плаќања, треба да остане една третина за дискрециони трошоци, а тоа се пари за летување, зимување или на одреден број години, за купување на ново возило. Реален приход во семејство треба да биде од 45.000-50.000 денари“, рече Заев.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …