сабота , 23 септември 2017
zaevsaem-685x320

(ВИДЕО) Заев: Очекувам договорот од Пржино да се спроведе во целост

zaevsaem-685x320Не верувам дека постои можност изборите да се одложат и искрено очекувам дека договорот ќе се спроведе во целост, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред почетокот на една од дебатите од проектот „Визијата за Македонија“.

Партиите имаат уште неколку дена да се договорат пред Македонија да ја изгуби препорката од ЕУ. Како што рече Заев, преговорите се закочени кај Законот за Влада, надлежностите на министрите и на замениците министри.

-Социјалдемократскиот сојуз ќе направи се за да успее договорот од Пржино и за да не ја изгубиме препораката од Европската унија. СДСМ останува целосно посветена на договорот и на исполнувањето на обврските кои се предвидени со него. Целосно сме посветени, кооперативни и флексибилни – изјави Заев.

За повиците за одбрана на државата и излегување на барикадите од луѓе блиски на власта, Заев рече дека тоа се само налудничави идеи на поединци.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …