недела , 22 октомври 2017
Заев Берово 4

(ВИДЕО) Заев со честитка по повод Успение на Пресвета Богородица

Заев Берово 4
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска е помеѓу граѓаните на Берово од каде упати честитка до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

„На сите верници од православна вероисповед и на сите што го празнуваат им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богодорица, денот на вознесувањето на Мајката Божја којшто ’не потсетува на огромното значење на безрезервната љубов, на грижата, на добрината, на хуманоста но и ’не потсестува на патот кон вистината, на патот кон трпението, на патот кон помагањето.

Исто така овој ден, треба славејќи го да ’не постетува и да ’не обврзува сите да ги унапредиме овие вистински вредности, чекорејќи на вистинските патишта, и ние граѓаните и оваа наша земја и ова наше општество.

Среќен празник на сите, за многу години да ни е“, рече Заев.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …