сабота , 23 септември 2017
Zakani i kazni sport

(ВИДЕО) Закани и казни наместо награди за шампионите

Zakani i kazni sport
Спортската историја во малите средини тешко се пишува. Па, соочени со апсурди наметнати од средината, многупати ги доведува до искушение и најголемите спортски работници. Но, 50-годишниот делчевец Љупчо Стојчевски, тренер, селектор, меѓународен судија на кик бокс , живее за кик боксот и неговата упорност му ја донесе годинешната државна награда 8 Септември.


„Ова за мене е големо признание за мојата долгогодишна работа во спортот, патувања до скопје, ние од малите места поминуваме пат од 170 км, сопствени средства з апатување..само тој дел да ми е признат има сатисфакција, а дригиот дел од областа на спортот е друга работа,,значи некој ме следел“ – вели Љупчо Стојчевски, меѓународен судија за кик бокс
Наместо почит за освоените медали на репрезентацијата, обично добивал казни во ЈП каде работи како хидро техничар.
„Не сум можел да патувам поради несоработка со раководните структури..во 2010, кога бев селектор со екипа од 5 натпреварувачи донесов три медали, тогаш ми се заканија со отказ од ЈП, па со интервенции ме казнија 6 месеци 15%. Истата година бевме во Баку, каде Мики Ивановски доби бронезн медал, јас добив казна и ме распередија за собирање смет, а потоа Кристина кога освои сребро, ме ставија на гробоиштата“ – вели Љупчо Стојчевски, меѓународен судија за кик бокс
Да се бранат боите на репрезентацијата треба да е предизвик на секого и обврска.
„За да се афирмира државата сите треба да дадат максимален придонес со сите свои можности, за да имаме подобри резуклтати„ – рече Љупчо Стојчевски, меѓународен судија за кик бокс
Иако , поддршката за работата на Сточјевски во Делчево е минорна, тој успеа да го наметне кик боксот во Делчево и да изгради кариера на истакнат селектор на макеоднската репрезентација и меѓународен судија. Успесите, се на негова страна и на страната на неговите спортисти во клубот АС, но и на неговото семејство. Двете ќерки, се европски и светски кик боксери, Кристина и Елена, како и синот Павел кој со своите 9 години е двапати државен првак во кик бокс.

Извор: ТвСтар / Даниела Такева

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …