вторник , 26 септември 2017
blazeskiemisija-675x320

ВИДЕО: Заменик-градоначалникот на Охрид во 5 до 12 откажа јавно соочување со Блажески

blazeskiemisija-675x320Буквално во 5 до 12, заменик градоначалникот и советник во општина Охрид, Охрид Ангел Јанев побегна од соочување со советникот Дејан Блажески.

Јанев е советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој не се појави на веќе договорената емисија, која пред се имаше граѓански концепт. Јанев, првенствено ја прифатил поканата за гостување во емисијата, за потоа да побара од уредникот да го промени соговорникот, во случајов советникот од опозицијата Дејан Блажески.

Водителот Наумоски, изрази жалење и кажа дека Јанев откажал гостување иако претходно се нафатил на концептот на емисијата и на соговорникот. Темата на емисијата беше: Одливот на младитe мозоци од Охрид и земјава.

Блажески, иако известен за откажувањето на соговорникот, се појави во емисијата и додаде:

„Кога мислиш дека нема со што веќе да те изненадат, кога е повеќе од јасно е дека бегаат од политички дебати и од таков мегдан, очекуваш дека заради граѓанскиот пристап во еден ваков концепт ќе се нафатат да присуствуваат. Доколку бев суетна личност, ова ќе ми импонираше, имајќи предвид дека тоа е бегање од некој од кој што се плашиш, но за жал тоа е вистината. Мене ми е сериозно жал, не сум ироничен, затоа што по иронија се посегнува тогаш кога немате достоинство. Овде и ќе завршам, јас со луѓето се соочувам очи во очи и нема да си дозволам понатаму -по принципот на мало оговарачко друшто да зборувам за луѓе кои се плашат и токму за луѓе кои се одговорни како власт за состојбите во градот. Да бидам искрен, со изборот на другиов денешен соговорник не мислам дека дебатата ќе изгуби од квалитет туку баш спротивното.

Се поставува прашањето зошто Јанев воопшто се нафатил за потоа на крајно непрофесионален начин да го откаже гостувањето, притоа барајќи друг соговорник. Дали заменик градоначалникот и советник од ДПМНЕ не чувствува некаква одговорност или стравот од соговорникот сосема го изместил па се обидел сам да ги избира соговорниците и да се поистоветува со уредникот на емисијата? Оставаме, граѓаните да проценат“, вели Блажески.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …