понеделник , 25 септември 2017
Screenshot_312

(ВИДЕО) Жерновски: Груевски очигледно не сака да ја прими пораката

Screenshot_312Градоначалникот на општина Центар рече дека веќе ја повикал меѓународната заедница да излезе со единствен став и да го посочи виновникот за политичката криза.

“Вчерашниот твит ми кажува дека тој очигледно, не дека не сакал, туку одбива да ја прими пораката, меѓутоа мора да знаеме дека ова не е лична битка, туку оние што ја водат државата имаат специјална улога и дека мора да водат сметка за своите постапки. Многу е важно, и тоа го потенцирав сега, во разговор со амбасадорите на Германија и Бугарија, да не биде санкционирана државата, зошто сите ние, граѓаните, ја плаќаме цената за неодговорното однесување на актуелната влада“, одговори Жерновски на новинарско прашање во врска со вчерашниот твит на премиерот Груевски, кој го напиша по пораката од амбасадорите.

Не треба да имате посебни инструменти, треба само да не сакате и да немате волја да го спроведете договореното во Пржино, рече Жерновски.

“Вчера беше многу јасно кажано дека овој договор е валиден, затоа што на него има ставено потписи. Сите ние што сме јавни функционери одговараме пред јавноста и секое почитување и непочитување на договорот ќе си прозиведе санкции“, рече Жерновски.

Најлошото сценарио, посочи тој, е да ни се случи она што сме го гледале во нашето соседство, а тоа е да имаме судир на народ со народ, граѓани со граѓани.

“Се надевам дека тој што го заговара тоа сценарио ќе се откаже од него. Тука повторно се неопходни притисоци од амбасадорите. На крајот на краиштата, треба сите заедно да излеземе како победници од оваа криза“, појасни Жерновски.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …