вторник , 26 септември 2017
Screenshot_65-685x320

(ВИДЕО) Жерновски: Поднесуваме претставка до Уставен Суд, на дебармаалци им е преку глава од „силување“ на овој простор

Screenshot_65-685x320Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и невладиниот сектор поднесуваат претставка до Уставниот Суд на Република Македонија за оценување на уставноста и законитоста на противуставно присвоените парцели во општина Центар, односно Дебар Маало.

Владата, рече градоначалникот Жерновски, противуставно прогласи четири градежни парцели за земјишта од посебен интерес.

“Се знае што значи јавен интерес, тоа можат да бидат факултети, градинки, образовни институции, но не може хотелски комплекси, станови и резиденцијални објекти да бидат објекти од посебен интерес. Бараме и законот прецизно да дефинира што е тоа ‘посебен интерес’“, рече Жерновски.

Тој со задоволство информираше дека ова, општината го прави заедно со граѓаните и невладините организации, со кои веќе е потпишан меморандум за соработка и дека оваа битка ќе ја водат заеднички.

Жерновски, општината, граѓаните и невладиниот сектор не се откажуваат од борбата, дури иако Уставниот Суд се оглуши на ставовите на граѓаните, кои не сакаат висококатници, хотелски комплекси и катни гаражи во Дебар Маало, туку зеленило и социјални објекти.

“Ако Уставниот Суд се оглуши, ние ја продолжуваме битката. На дебармаалци им е преку глава од ‘силување’ на овој простор“, рече Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар посочи дека овие активности и оваа борба се со цел враќање на моќта на одлучување во рацете на граѓаните и на општината.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …