понеделник , 23 октомври 2017
Otvoranje-Orce-Nikolov-2-640x320

(ВИДЕО) Жерновски: За МТВ, реконструираната улица „Орце Николов“ не е вест

Otvoranje-Orce-Nikolov-2-640x320Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска свечено ја пушти во употреба реконструираната улица „Орце Николов“, на потегот од булеварот „Св. Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“.

Вкупната реконструирана површина е 3.600 м2, должината е 520 метри и ширина – 7 метри.

Otvoranje - Orce Nikolov (1)

„Поставени се нови шахти и поправени се оштетените ивичници. Цели 18 години овој дел на улицата не беше саниран и беше во многу лоша состојба.

Otvoranje - Orce Nikolov (10)

Граѓаните се жалеа дека ударните дупки го оневозможуваа нормалното одвивање на сообраќајот и беа потенцијална опасност за безбедноста.

Otvoranje - Orce Nikolov (3)

И реконструкцијата на „Орце Николов“, како и сите досегашни проекти, во овие 2 и пол години во општина Центар, по доаѓањето на новото општинско раководство, се без ниту еден денар поддршка од централниот буџет, нешто што не е случај со другите општини“, соопштуваат од Општина Центар.

Otvoranje - Orce Nikolov (4)

На свеченоста присуствуаа вработени во општина Центар, дел од советниците и граѓани.

Otvoranje - Orce Nikolov (5)

„Ниту за еден од медиумите ова не беше настан, иако на 2 пати беа уредно поканети. Граѓаните особено се интересираа зошто нема екипа од јавниот сервис МТВ“, пишува во соопштението на Центар.

Otvoranje - Orce Nikolov (6)

„Имам информација дека на МТВ и’ е забрането да ги следи настаните, манифестациите и проектите кои ги спроведува или се случуваат во општина Центар“, рече Жерновски.

Otvoranje - Orce Nikolov (7)

Реконструираната улица „Орце Николов“ е дел од проектот „Работно Лето 2015“ на општина Центар, проект кој се реализира во соработка и договор со граѓаните.

Otvoranje - Orce Nikolov (8)

Се реконструираат улици, водоводна мрежа, се прават паркови, се поставува зеленило, се реконструираат училишта и градинки, а она што е особено значајно е што, по цели 40 години во општината, со сопствени средства од општинскиот буџет, се гради новата, современа градинка – „Кочо Рацин“.

Otvoranje - Orce Nikolov (9)

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …