сабота , 21 октомври 2017
srcev_udar_131231

(ВИДЕО) Знаци на срцев удар кои повеќето луѓе не ги знаат

Најпознатиот симптом за срцевиот удар, јакиот притисок во градниот кош, ќе ги растревожи повеќето луѓе. Меѓутоа, многу малку луѓе знаат дека третина од пациентите што имале срцев удар воопшто не осеќале притисок во градниот кош. Доколку ги препознаете и другите сигнали што телото ви ги праќа, статистички вие би добиле два часа предност.

Некои срцеви удари се изненадни и јаки, но некои почнуваат полека, со мала болка и непријатност. Најчесто луѓето при вакви моменти не се сигурни што не е во ред, па ја одложуваат посетата кај докторот.

Непријатност во градите
Повеќето од срцевите удари вклучуваат болка и непријатност во градите, која трае неколку минути или се јавува на повеќе наврати. Симптомите се чуство на голем притисок и болка.

Непријатност во горниот дел од телото
Симптомите на болка и непријатност можат да се појават во едната (најчесто левата) или двете раце, грбот, вратот, вилицата и желудникот. Болката во грбот и вилицата статистички повеќе се јавува кај жените.

Потешкотии во дишењето
Овој знак може да се јави сам или со непријатност во градите. При ваквиот момент, треба да се запрашате дали има причина за ова. Доколку неможете да си одговорите на прашањето, не се двоумете многу, посетете го матичниот доктор што побргу.

Препотување
Појавата на ладна пот е јасен индикатор дека нешто не е во ред. Не се коцкајте со животот, викнете брза помош.

Мачнина и вртоглавица
Неспецифичните симптоми кои се пропратени со необјаснив умор би требало да ви дадат дознаење дека нешто чудно му се случува на организамот. Немојте да одложувате посета кај докторот кога ви е јасно дека нешто се случува.

Многу е подобро да викнете брза помош отколку сами да возите до болница. Стручниот тим ќе пристигне побрзо и одма ќе ви даде помош.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …