петок , 22 септември 2017

Викендот 43 сообраќајки во Скопје, 17 повредени, една жртва

policija-mkd-300x200
Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 43 сообраќајни незгоди.

На 22 октомври, четврток, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден возач на мотоцикл.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 16 часот и 5 минути на бул. „Крсте Мисирков“ во која учествувале автобус и пешак. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Втората незгода се случила во 19 часот и 10 минути на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во која учествувале патничко моторно возило „фијат уно“ и пешак. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

На 23 октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив две се последица материјална штета.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 18 часот на крстосницата од ул. „Ф. Рузвелт“ и ул. „Дрезденска“ во која учествувало патничко моторно возило „фијат“ и пешак. Како последица на незгодата со тешка телесна повреда се здобил пешакот.

На 24 октомври, сабота, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и двајца пешаци.

Се случила и една незгода со последица загинато лице. Сообраќајката се случила околу 15 часот и 27 минути на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Ангел Динев“ и ул. „И. Маџовски“ во која учествувало товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, роден 2004 година. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и истиот им подлегнал на повредите на лице место.

На 25 октомври, недела, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Гоце Делчев“ кое се наоѓа во општина Центар со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …