петок , 18 август 2017
vinci

Винчи против вајлд-картите

Италијанската тенисерка Роберта Винчи е првата противничка на Марија Шарапова која се враќа на терените по 15-месечната суспензија поради користење недозволиви средства.

Русинката доби специјална покана да настапи на турнирот во Штутгарт, на што реагираше Винчи.

– Не се согласувам со вајлд-картите и тоа е мое мислење. Шарапова е одлична тенисерка. Таа направи грешка и ја плати казната, но не треба да и се дава помош туку сама да се избори за учеството. Знам дека е важна за тенисот, но верувајте дека многу тенисерки ќе се сложат со моето мислење кога станува збор за специјалните покани, изјави Винчини.

Винчи и Шарапова својот дуел ќе го имаат утре со почеток во 10 часот.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …