среда , 28 јуни 2017
oruzje-pesadisko-Presevo-maj17

Висок српски функционер за „Фокус“ тврди: Заплената на оружје во Јужна Србија е измислица!

Ниту еден државен орган во Србија нема потврда дека на југот на земјата минатата недела било запленето големо количество оружје кое требало да биде префрлено во Македонија, вели за „Фокус“ висок функционер од српската влада.

Големата заплена на неколку илјади пушки, митралези, минофрлачи и рачни бомби, како што вели изворот на „Фокус“, е измислица на луѓе во српските воено-безбедносни структури.

Медиумите во Србија, повикуваќи се на извори на српската воено-безбедносна агенција (ВБА) минатиот четврток јавија дека најверојатно оружјето било наменето за припадници на најголемите албански партии, чии функционери учествувале во вооружените судири во Македонија и на Косово.

Оружјето, според изворот од ВБА, било откриено во близината на Прешево и на Бујановац, додека двајца државјани на Србија и еден странски државјанин се обидувале преку илегални канали да ги префрлат во Македонија.

 

Прочитајте повеќе на ФОКУС.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …